Бомби и мина најдени на аеродромот во Белград
Објавено во: Балкан 24 Октомври, 2016
Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија утрово на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград за време на прегледувањето на поштата нашле десет училишни рачни бомби.
Најдена е и училишна противпешадиска мина без експлозивно полнење, се додава во соопштението на МВР.
За настанот е информиран надлежниот обвинител, а полицијата продолжува со истражување на случајот.
Полицијата го истражува случајот. Од аеродромот не коментираат.