БОРИСОВ СЕ НАДЕВА: „Чекам одговор за Турски тек“
Објавено во: Балкан 20 Јули, 2017
Бугарија чека дозвола од Европската комисија за почнување на преговори со Русија за директен гасовод од Турски тек до Бугарија.
Така агенцијата БГНЕС ја пренесе изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов.
„Чекаме писмо од Европската комисија по повод тоа дали ќе дозволи или не почеток на преговорите за директен гасовод кој ќе оди од Турски тек до Бугарија. Се надевам дека ќе го одобри почетокот за преговори со Русија“, изјавил Борисов, пренесе Тас.
Тој исто така и се заблагодарил на Комисјата на разбирањето Бугарија да ја зачува стратешката улога за транзит на гас, и нагласил дека официјална Софија ги почитува сите европски прописи.