Борисов: Стабилна власт во Македонија може да ги смири политичките страсти
Објавено во: Балкан 18 Мај, 2017
Сега сѐ е во рацете на политичарите во Македонија, изјави бугарски премиер Бојко Борисов по врачувањето на мандатот за формирање нова влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Борисов потсетува дека на Бугарија ѝ претстои претседателство со ЕУ, на чија агенда ќе биде и проширувањето на Унијата, па сите треба да си ја завршат домашната задача, како што направила и Бугарија, пренесува агенцијата БГНЕС.
„Единствено стабилна власт во Македонија може да ги смири политичките страсти во државата“ - вели Борисов за бугарската ТВ Плус.
Борисов најави средба за европската иднина на земјава, веднаш откако ќе се формира влада во Македонија.
Тој кажа дека за време на драматичната вечер во Собранието на 27 април, разговарал телефонски со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, како и со лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Никола Груевски. Борисов претходно повика на смирување на ситуацијата, почитување на законите и поддршка на евроатлантската интеграција на Македонија, како и на нејзиниот територијален интегритет.