Босанците ќе прават бурек за Гинис
Објавено во: Балкан 23 Август, 2017
Во Босна и Херцеговина група луѓе ќе организираат печење
на најголемиот бурек во светот со цел рекордот да биде објавен во
Гинисовата книга.
Се планира најголемиот бурек да биде испечен во октомври.
„Бурекот е типичен босански производ и можеме да го претставиме
гастрономски. Тоа е начин да се претстави Босна и Херцеговина во светот,
како и да се привлече вниманието на нашето општество кон овој производ
како домашен“- вели Имер Исовиќ, организатор на печењето бурек.
Босанците со овој гест сакаат на светот да им ги претстават локалните производи, културата, традицијата и кујната, пишува „Сараево тајмс“.