25 Април, 2024
0.0320

БОСАНЕЦ ЗА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА: „Уште првиот ден задоцнив, барав нова работа, а на крај ми се случи шок“

Објавено во: Стил 28 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Јусуф Квакиќ, познат блогер, пред две години се отселил во Германија со сопругата, а од претминатата година работи во еден трговски центар. Своето искуство го опишува во влогот. Германски учел цел живот, но слабо го знаел.

„Си дојдов од годишен, некој ме бара на телефон. Имав веќе поима за германски јазик бидејќи комуницирав со соседи, луѓе, малку жена ми дома ме научи некои трикови и работи“, раскажува тој.

Се јавил за работа и добил повик на разговор.

„За мене тоа беше чудно искуство. Ти не знаеш во кој свет влегуваш. Мене би ми изгледало како шпанско село кога некој во Босна така би ме вработил во некоја продавница да морам да гледам некои сирења, а камоли да дојдам во Германија, се тоа на друг јазик“, зборува Квакиќ.


И покрај фактот дека не станувало збор за работа со полно работно време, одлучил да се испроба. Бидејќи првиот ден не знаел дека нема автобуси кои возат пред 6 часот утрото, веќе првиот ден морал да ги повика работодавците дека ќе задоцни.

 И немаше никакви проблеми. Како што вели самиот, изгледа дека го вработиле оти биле очајни и под итно им требал нов работник, пренесува Индекс.хр.

После два месеци не бил задоволен што и понатаму работи половина работно време. Пронашол нова работа, но сеедно пред да даде отказ поразговарал со работодавецот и на крај му е понудена подобра работа, но и подобар договор.

„Во секоја работа има лоши моменти и ситуации, ненормално тешки денови. Човек мора да научи и да сфати дека ништо не е лесно во животот дека за се треба да се вложи труд и работа, да имаш волја, зададена цел пред себе-заклучува тој.

Дали вие можеби имате некое искуство со работа во Германија? Раскажете ни ја вашата приказна а ние ќе ја споделиме со нашите читатели.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган