29 Март, 2024
0.0392

Босанските пратеници со најголеми плати во Европа

Објавено во: Балкан 29 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Само по основа на плата и месечен паушал нивните плати надминуваат 5.000 КМ, што е повеќе од шест просечни плати.

Пратениците и делегатите во Парламентарното собрание на БиХ се најплатени во Европа, кога нивната плата ќе се спореди со просечната плата во земјата. Само по основа на плата и месечен паушал нивните примања надминуваат 5.000 КМ, што е над шест просечни плати, се наведува во најновиот економски монитор Здружение на економисти на РС „ SWOT“ и се додава дека во споредба со 30 европски земји, овој однос е најголем во БиХ.

Во европските земји, пратеник во државниот парламент во просек заработува 2,3 просечни плати во својата земја. Пратениците во БиХ според висината на своите плати ги оставија зад себе колегите од многу развиени земји како што се Германија, Франција, Австрија, Луксембург, Белгија, Данска...

Пратениците и делегатите на ПС БиХ покрај платата и паушалот, имаат право на дополнителни надоместоци, дневници, одвоен живот и слично, така што нивните вкупни месечни примања се од 6.000 КМ до 7.000 КМ.

Во монитор се истакнува дека платите на пратениците во парламентите на РС и ФБиХ исто така се на врвот во Европа, ако се мерат според истиот принцип.

Така пратеник во Парламентот на ФБиХ се наоѓа на четврто место со просечни примања од плата и паушал кои изнесуваат околу четири просечни плати во Федерацијата.

Пратениците во Народното собрание на  РС се најмалку платени во БиХ бидејќи тие примаат околу 3,2 просечни плати во РС.

- Очигледно е дека тука се работи за радикална неусогласеност на пратеничките плати со стандардот на животот во БиХ. Пратеник во Парламентот на БиХ за еден месец заработува колку просечен работник за половина година. На тоа треба да се додаде уште и екстремно високата стапка на невработеност, потенцираат од монитор.

Во монитор исто се потенцира дека платите на пратениците и делегатите во ПС БиХ треба системски да се усогласат со останатите институции во БиХ, низ нивно регулирање со постоечкиот Закон за плати и надоместоци во институциите на БиХ.

- Треба да се обезбеди усогласеност на висината на платата на пратениците и делегатите со висината на просечната плата во БиХ во максимален однос три према еден. Исто така треба да се укинат скриените облици на платите, како што е месечниот паушал и да се воведат финансиски пенали или скусување на надоместоците за трошоците на пратениците и делегатите кои отсуствуваат од седниците на Претставничкиот дом и Домот на народот - се потенцира во монитор.

Според моменталните решенија, пратениците на ПС БиХ, самите одлучуваат за висината на својата плата бидејќи поседуваат дискреционо право низ одлуки на Заедничката административна комисија на ПС БиХ самостојно да одлучуваат за висината на коефициентот, кој се применува на основицата на нивната плата, износот на месечниот паушал и износот на други надоместоци кои влегуваат во вкупните примања на пратениците и делегатите на двата дома на ПС БиХ.

Така, пратениците и делегатите остваруваат право и на паушал кој се исплатува месечно како надомест за трошоците, иако не се наведува за кои трошоци се работи ниту се бара нивно оправдување.

- Овој паушал не претставува ништо друго, туку скриен облик на плата. Покрај тоа, пратениците остваруваат и право на други надоместоци на трошоците, како што се надомест за трошоци за пат, надомест за одвоен живот - се наведува во монитор.

Извршниот директор на Здружението на економисти на РС  SWOT Саша Грабовац вели дека огромната неусогласеност на пратеничките плати со стандардот на животот во БиХ јасно покажува дека таквата политика е неодговорна и долгорочно неодржлива.

- Во обид за спасување на бродот кој тоне неопходно е да се пристапи кон драстично намалување на платите на парламентарците, но и да се покрене сеопфатна реформа на јавната управа, за платите во јавниот сектор да се врзат само за соодветни позиции во реалниот сектор. Само на тој начин овие два сектора еден на друг можат да станат здрава конкуренција - вели Грабовац.

Тој смета дека пратениците многу лесно можат да покажат волја за намалување на платите и дека јалови се објаснувањата дека во тоа ги спречуваат некакви прописи. - Нека се откажат од половина од своите плати и да дојдат барем до европскиот просек. За тоа никој не може да ги спречи - вели Грабовац.

Економскиот аналитичар Зоран Павловиќ вели дека политичките претставници кои се ангажирани во јавни институции се платени енормно во однос на економската состојба во земјата и просечните лични примања. - Користејќи ги искуствата на развиените демократии на западот, мора да се усогласи односот на просечната плата и платите на избраните претставници на власта. Што побрзо треба да се воведат платни односи како што се во развиените земји на ЕУ, а тоа значи дека платата на пратеник може максимално да изнесува три просечни плати - потенцира Павловиќ.

Реформа на јавните управи

Програмскиот директор на Центарот за истражување и студии на ГЕА од Бања Лука Огњен Ѓукиќ вели дека во БиХ постои огромна потреба за реформи на јавниот сектор кој е гломазен и неефикасен.

- Инициравме, а и понатаму заговараме реформа на политиката на утврдување на платите во јавниот сектор, кои би се свеле на тоа дека ниту едно занимање во јавниот сектор не треба да биде повеќе платено во однос на истото занимање во приватниот сектор - рече Ѓукиќ.

Тој истакна дека проблемот од превработеноста во јавниот сектор е евидентен и во РС и во ФБиХ и дека ќе мора да се пристапи на негово решавање.

- Тие мерки се неопходни, бидејќи сегашната состојба е неодржлива. Неодамна направивме анализа која покажа дека половина од средствата од буџетот на РС доаѓаат на плати на вработените во јавниот сектор - вели Ѓукиќ.

Можеби ќе ве интересира

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува