28 Март, 2024
0.0267

Бошњаците навредени од изјавите на Чилиманов дека Бишевац е бегалец

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Здруженијата на Бошњаците во Македонија соопштија дека се навредени од изјавите на новинарот Цветин Чилиманов кој дрско му се обрати на Сафет Бишевац за време на емисијата „24 Анализа“ емитувана на 24 Вести од пред речиси две недели.

- Од страна на Чилиманов беше кажана следнава реченица: „Сафет ти си бегалец, од некоја земја дојден тука, си добил државјанство“. Ние како Бошњаци во Р.Македонија остро го осудуваме овој говор на омраза, со кој гостинот се обидува да го навреди Бишевац, како и народот на која му припаѓа, нарекувајќи го бегалец, а со тоа и останати Бошњаци во државата, кои сме дошле од некаде.

Иако некој ќе помисли дека Цветан Чилиманов воопшто не ја познава историјата на Бошњаците и поради тоа ја кажал горецитираната реченица, сепак, зборот кој го користи „бегалец“ е збор кој не е понижувачки по дефиниција, но значи подредена состојба во системот во кој истиот припаѓа и поради тоа треба да биде во подредена улога. Бошњаците во Македонија според Уставот се конститутивен народ на нашата заедничка држава, кој со векови живее во Македонија, заедно учестувал и има свој значаен придонес во градењето на ова држава. На Бошњаците не им било дадено државјанство од сомилиост, туку, затоа што им следува според сите критериуми за да се здобијат со државјанството на независна Република Македонија, реагираат од здруженијата.

- Јавно ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ, чиј предлог е Цветин Чилиманов во ад-хок телото за медиуми, да се произнесе дали ги споделува ставовите за Бошњаците на Чилиманов. Доколку не, исто така јасно и гласно да се оградат од овој негов испад.

Го повикуваме Цветин Чилиманов јавно да им се извини на Бошњаците. Ве повикуваме и Вас, како и целата демократска јавност, јавно да го осудите овој говор на омраза, се вели во реакцијата потпишана од НВО Еду Ниса, ШАДРВАН Македонија, НВО Глас Оризара, Сенад Смаиловиќ, Џелал Хоџиќ, Елза Бачевац, Елдиса Тртовац, Емина Реброња, Асмир Алиспахич и од Рахман Календер.


Можеби ќе ве интересира

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра