25 Април, 2024
0.0258

БОЖИК Е: Честитајте го празникот со овие божикни пораки!

Објавено во: Стил 07 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

недостатокот на слободно време доведе до тоа Божик се почесто да се честита со праќање на порака преку мобилен телефон.

Писмата отидоа во заборав...

Современата технологија го промени начинот на кој едни на други си честитаме, па со рака пишаните честитки ги заминвме со СМС пораки. Секоја година се смислуваат се поголем број римувани пораки кои корисниците на мобилни телефони ги разменуваат. Како прилог на фактот дека ваквото честитање зема замав е овогодишниот број на испратени СМС пораки во текот на новогодишните празници. 

Во прилог издвојуваме неколку убави пораки со кои може да го обележите Денот и да им го честитате празникот на блиските.

-На денешниот ден опрости им на твоите должници, подари им бакнеж на твоите ближни, помогни им на тажните. А на полноќ погледни кон небото и ќе видиш ѕвезда што оди тогаш тивко речи ХРИСТОС СЕ РОДИ!

-Кога последната свеќа на бадник догорува слушај го срцето што ти зборува, нека радост и среќа во животот те води, среќен Божиќ - ХРИСТОС СЕ РОДИ!

-Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати Христос насекаде да ве води, Среќен Божиќ, Христос се роди.

-Денешниот блажен ден нека ви биде радосен! Божиќ вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати. Ангел срцето кон љубов нека го води, мир божји, Христос се роди.

-Во телото здравје, во душата мир, во мислите радост, во срцето младост,во љубовта среќа. Сето ова го рекол Исус кога се родил и навистина се роди.

-Додека последниов бадников ден догорува, слушни го Господ што ти зборува, следи го патот на срцето што те води, Среќен Божиќ - Христос се роди.

-Христовата светлост нека ви го осветли домот, среќата нека ја победи тагата и Бог нека ви подари се што немате и сочува се што имате….Христос се роди!

Споделете ја вашата Божикна честитка со нас!

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти