Божиновски: ВМРО-ДПМНЕ е трговско друштво со неограничена неoдговорност
Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2018
Новинарот Зоран Божиновски во Само вистина на Канал 5 вечерва изјави дека за него ВМРО-ДПМНЕ не е партија, туку е трговско друштво со неограничена неодговорност.
За прашањето дали Албанците полесно би прифатиле промена на името, вели дека Албанците се народ кого повеќе го интересира бизнисот.
Според него, важно е граѓаните да живеат добро и да се развие економијата.
Божиновски вели дека штом се преговара со Грција, сепак не е дека не го даваме името.
Новинарот вели дека Македонците земаат бугарски пасоши од економски причини, а граѓаните на Косово во Врање пак земаат српски пасоши.