БРАНКО МАНОЈЛОВСКИ ДО ПРАТЕНИЦИТЕ: Во село кога седам со сточарите, има еден покултурен однос
Објавено во: Македонија 14 Септември, 2017
Пратеникот од ДУИ, Бранко Манојловски денеска во Собранието ги повика неговите колеги да прекинат со национална омраза и да работат нормално.
„Деца, дај бе смирете се, не губете нерви. Ве слушам цело време и не можам да сфатам од каде таа национална омраза толку во вас. Многу сум разочаран од тоа што го слушам. Во село кога седам со сточарите, има еден покултурен однос“ – истакна Манојловски.