25 Април, 2024
0.0283

Бразил привлекува странски инвестиции, БМВ отвара фабрика

Објавено во: Економија 22 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

БМВ ќе инвестира околу 300 милиони евра во нова фабрика во Бразил, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на анонимен извор од компанијата. Според нив, изградбата ќе чини 800 милиони реали, а во фабриката треба да се градат пет модели, вклучувајќи и еден модел од марката Мини. Бразил се смета како ветувачки пазар за автомобилската индустрија, но и таму се очекува забавување на растот, а пазарот за автомобили од високата класа сеуште останува мал. Засега од БМВ не сакаат да коментираат за оваа одлука посочувајќи дека со повеќе информации за плановите за изградба на новата фабрика ќе излезат во текот на оваа недела. Главниот финансиски директор на компанијата, Фридрих Ајхинер неодамна во интервју за Ројтерс изјави дека компанијата има планови за нова фабрика во Бразил, но не даде информации за инвестицијата или за местото. За деталите се уште се преговара со политичарите во Бразил, бидејќи станува збор за грантови и се бара намалување на данокот за увоз. Бразилското влада неодамна ги претстави новите законски олеснувања за странските компании кои имаат и домашно производство. За време на разговорите со бразилската влада,  баварците јасно ставиле на знаење дека тие ќе инвестираат во фабриката само ако можат да заработуваат добри пари.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди