Брегзит го смени и обликот на слаткото „Toblerone“, купувачите бесни!
Објавено во: Свет 08 Ноември, 2016
Еден од најпрепознатливите чоколадни десерти во светот - Toblerone, веќе се произведува со нова форма во Велика Британија.
Триаголна форма на чоколадото се запазува, но „врвовите“ ќе бидат помалку.
Причината е што поради поевтинувањето на британската фунта состојките што се користат во десертот, станале поскапи. И за да се задржи цената иста, Mondelez International - компанијата производител, одлучила да ја намали тежината.
Стандардната чоколада од 400 грама веќе ќе тежи 360 грама. Помалиот десерт, кој досега беше со тежина 170 гр ќе е со 20 гр. помал.
Оваа промена буквално ги изнервира обожавателите на чоколадото кое е препознатлив бренд од Велика Британија, кои масовно го изразуваат своето незадоволство на социјалните мрежи. Компанијата-производител сепак е категорична дека овој потег ја зема предвид ситуацијата по референдумот за напуштање на ЕУ.
„Како и многу други компании, за жал сме сведоци на пораст на трошоците на многу од состојките. Ги поднесуваме овие трошоци што е можно подолго, но за да можеме да гарантираме дека Toblerone ќе продолжи да присуствува на полиците, да ја задржи препознатливата форма, треба да ја намалиме тежината“, пишува во официјалното соопштение на Mondelez.