28 Март, 2024
0.0282

БРЕГЗИТ УНИШТУВАЧ НА БИЗНИСИ: Џејми Оливер затвора 6 ресторани во Велика Британија

Џејми Оливер затвора 6 ресторанот во Велика Британија поради Brexit

Објавено во: Стил 06 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Познатиот готвач Џејми Оливер затвора шест од 42-та италијански ресторани во Британија поради поевтинувањето на британска фунта и комплицираната ситуација во трговијата по одлуката на Лондон да излезе од ЕУ, пренесоа американските медиуми.

Групата „Jamie Oliver Restaurant Group“ соопшти денеска дека пет ресторани во Велика Британија и еден во Шкотска ќе бидат затворени во првиот квартал на 2017 година.

Главниот извршен директор Симон Блегдон посочи дека пазарот е "тежок" по одлуката за Брегзит, а неизвесноста го прави уште потежок. Компанијата е погодена од намалувањето на курсот на британската фунта, што доведе до зголемување на трошоците за набавка на разни производи од Италија. Затворање на објектите ќе влијае на околу 120 вработени, што е под 5 проценти од целиот персонал на синџирот, прецизира Блегдон, пренесува Франс прес. Тој истакнува дека на погодените ќе им бидат понудени нови работни места во групата.

Покрај 42-та ресторани во Британија уште 36 ресторани го носат името на Џејми Оливер во други земји.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи