23 Април, 2024
0.0251

“БРИЛИЈАНТ“ ЗА ФАКТОР: Фабриката за производство на масло нема да се затвори!

Објавено во: Економија 13 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Фабриката за производство на масло „Брилијант“ нема да се затвори, тврди за Фактор директорот на компанијата Коста Ташков. Тој посочува дека само еден дел од рафинеријата е затворен, а останатиот дел од фабриката работи. Потврди дека 30 работници се отпуштени, но оти тие се од затворениот погон. 

Ташков ги отфрли како невистини шпекулациите во јавноста дека луѓе од власта сакале да ја купат компанијата и дека актуелната партија на власт побарала од раководството да ја финансираат со одредена сума пред изборите, а компанијата одбила да ја исплати сумата.  

„Само еден дел од рафинеријата е затворен и се отпуштени околу 30 вработени од тој дел. Причината е високата цената на суровото масло на берзата, што пак е причина за економска неисплатливост. Кога ќе се створат услови за поволна цена на суровото масло на берзата повторно ќе ги вратиме на работа. Инаку Фабриката си работи и можете да видите дека во сите маркети сме застапени и ќе не има и понатаму, фабриката не се затвора“, вели Ташков.

Во јавноста има непотврдени информации дека на сопственикот на компанијата Митко Николов му пропаднал бизнис во странство па бил принуден да ја затвори фабриката. Засега нема информации како затворањето на едениот дел од рафинеријата ќе влијае врз вкупното производство, односно произведените количини на масло и крајно врз цената на производот.

Инаку Фирмата „ Брилијант“ важи за најголем производител на истоименото масло за јадење Брилијант. Во 2006 година компанијата “Брилијант“и германската „ГЕА Вестфалија“, потпишаа договор за технолошка опременост на првиот производствен капацитет за суровина за био дизел гориво во Македонија, а инвестиција беше вредна 9,8 милиони евра.

Т.С

Сопственикот на „Брилијант“ ги продава акциите од Фершпед!


Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска