БРИТАНИЈА НА НОЗЕ: Спречен напад врз премиерката Тереза Меј
Објавено во: Свет 06 Декември, 2017
Британските безбедносни сили спречија обиди за напад на премиерот Тереза Меј, известува СкајЊуз.
Според информациите станува збор за исламисти, кои планирале да активираат бомба на "Даунинг стрит", а во последователниот хаос да ја убијат премиерката со ножеви.
Операцијата за спречување на заговорот траела неколку недели, а во неа учествувале МИ-5, Скотланд Јард и полицијата. Две лица се уапсени - имале 20 и 21 година, кои се веќе обвинети за подготовка на терористички чин.
Индепендент го цитира извештајот на директорот на Ми-5 Ендрју Паркер, со кој во понеделникот и соопштил на владата за спречениот напад. Потоа, Паркер им соопштил на министрите дека минатата година биле спречени девет терористички напади.