Британската полиција ослободи 6 од 10-те приведени
Објавено во: Свет 25 Март, 2017
Британската полиција ослободи без обвиненија 6 од 10 приведени за нападот во близина на Парламентот во Лондон, пренесоа американските медиуми.
Четири лица остануваат во притвор. Полицијата претпоставува дека Масуд дејствувал сам, но сака да разбере дали има други кои му помогнале да го подготви нападот.
Деновиве имаше напад во Лондон, при што 4 лица загинаа, а дваесетина беа повредени. Убиен беше и напаѓачот. Тој прво со автомобил газел луѓе, а потоа ги бодел со нож минувачите.