25 Април, 2024
0.0392

Бројки и компарации: Македонија во однос на регионот!

Објавено во: Финансии 22 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Со стапка на невработеност од 30,6 %, Македонија заедно со Косово го дели лидерското место во Европа по бројот на невработени. Најновиот извештај на Европската банка за обнова и развој, освен со прокеции за економскиот раст, ги објави и податоците за невработеноста по региони и по земји. Од регионот, предничи Косово се стапка на невработеност од 45,1 отсто. Помала невработеност од Македонија имаат сите останати земји. Во исто време, ЕБРД прогнозира дека Македонија во оваа 2013 та година ќе оствари економски раст од 1,8%.
„Македонија беше под значително влијание од кризата во Еврозоната изминатата година, што резултираше со намалување на извозот и пад на инвестициите и дознаките од странство. Фискалниот дефицит се зголемил од 2,5 отсто од БДП на 3,5 проценти. Скромен пресврт е можен во 2013 година“ - стои во извештајот на ЕБОР.
Освен Европската банка, со намалена проекција за економски раст минатата недела излезе и Светска Банка, според која годинава стапката на раст ќе изнесува 1 отсто. За разлика од прогнозите на овие финансиски институции, Владата очекува домашното стопанство да испорача раст од 2%, додека Народната Банка  предвидува раст од 2,6%. БРОЈКИ : ДОЛГОВИ НА ДРЖАВИТЕ  Според извештајот на ЕБРД, долгот на Централната Влада во 2011 та изнесувал 27,7% од БДП, додека вкупниот надворешен долг истата година бил 65,0 отсто од Бруто Домашниот Производ. Од овој долг 45,5 отсто отпаѓа на долгот на приватниот сектор додека 24 процени се јавен, односно државен долг. Според висината на задолженоста на владата, најдобро котира Бугарија, чии јавен долг изнесува 15,5 отсто од БДП. Според надворешната задолженост, Македонија е во друштво со Романија и Полска. Поголема надворешна задолженост имаат економиите на Србија, Црна Гора, Словенија, додека надворешниот долг изнесува повеќе отколку што тежи бруто националниот производ во Словенија,Унгарија и Латвија. ОЦЕНКА : КАКО ЗАВРШИ 2012 ?  Според проекциите третиот квартал од 2012 та ќе заврши со економски раст од 0,2 отсто додека четвртиот квартал со минус од 0,1% по што ланската 2012 та според мерењата на ЕБРД ќе заврши со вкупне пад на економија од 0,5 проценти. И покрај кризата, сепак дел од европските економии, но и оние од блиското опкружување на Македонија не само што избегнаа рецесија, туку успеаја и да остварат позначајни стапки на економски раст. Така , во 2012 та, според ЕБРД економијата на Косово ќе оставри стапка на економски раст од 2,5 проценти а Албанија ќе покажа стапка на раст од 1,8 отсто. Иако албанската економија прикажа раст во 2012 та, сепак ЕБРД укажува на можната опасност од прошиување на задолженоста на оваа земја во ова 2013 та година :
„Економијата на Албанија забави значително во првата половина на 2012 година, но одреден раст прикажа во третиот квартал. Сепак, силната трговија на Албанија, инвестициите и дознаките од Грција и Италија, двете земји што  се соочуваат со континуирана економска безнадежност, веројатно ќе продолжат да го ограничуваат  растот и  годинава.Тука е и високото ниво на јавниот долг, кој се приближи  назаконски лимит на 60 проценти од БДП, ќе го ограничи просторот за фискален маневар.“ – посочува аналитиката на ЕБРД.
ШТО СЕ СЛУЧИ СО МОЌНИТЕ ЕКОНОМИИ?  Една од најсилните европски економии, Турција, која прокажа економски раст и во време на криза, останува генератор на Балканот и во 2013 та година. Според извештајот на ЕБРД, годинава турската економија ќе оставри раст од 3,7 проценти.
„По силниот раст на ефикасноста во 2011 година, турската економија забави значително во 2012 година. Реалниот БДП забави од 8,5 отсто во 2011 на стапка на раст од околу 2,6 отсто во првите девет месеци од 2012 година. Падот на домашната побарувачка е одраз и на остар пад на кредитната активност во текот на годината, која падна од 33 отсто во декември на 18 отсто во ноември. “оценува анализата на Европската Банка за обнова и развој.
Слична стапка на раст од 3,5 отсто се предвидува и за Русија.
„Руската економија не е имуна на влијанието на кризата во еврозоната. Во 2012 година се случи значително забавување во надворешната и домашната побарувачка. За период од една година, растот на БДП забави од 4,9 отсто во првиот квартал на 2,9 проценти во третиот квартал. Во меѓувреме, за период од една година инфлацијата се зголеми од рекордното ниско ниво од 3,6 отсто во мај на 6,6 отсто во декември, генерирано главно од повисоките цени на храната и зголемување на тарифите“ - пишува во извештајот на ЕБРД. Редакција Фактор  

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка