24 Април, 2024
0.0287

Анализа: Бројот на корисници на електронско и мобилно банкарство двојно се зголемил

Објавено во: Економија 05 Август, 2017

Добивај вести на Viber

На граѓаните, компаниите, бизнисмените и на професионалците им се неопходни брзи и безбедни трансакции преку нивните банки со цел навремено да ги завршат сите неопходни задачи во текот на еден деловен ден. Затоа банките мора да обезбедат врвни електронски услуги за постојат пристап до банкарските сметки и до сите неопходни сервиси кои ќе им бидат потребни на корисниците. Во светски рамки веќе се воведуваат концепти за мобилно банкарство, примена на безготовински плаќања само со смартфон, обезбедување на трансакциите со биометриските сензори на телефоните. Македонија сепак, е мал пазар за веднаш да стигнат овие најнови технолошки крици во светот на банкарските е-услуги, па затоа решивме да направиме заедничка анализа со банките кои сметаме дека засега се лидери на ова поле, како што е Стопанска банка А.Д. Битола.

Фактор: Колку е важно да се следат модерните трендови за нудење на услуги за електронско и мобилно банкарство?

- Современите банки при своето функционирање мора постојано да ја докажуваат својата вредност и да го оправдаат своето постоење. За да опстанат на денешниот пазар, банките мора да се менуваат побрзо од конкуренцијата, а тоа може да се постигне само со поефикасно електронско работење и следење на модерните трендови на нудење на електронски сервиси - електронско и мобилно банкарство. Денешните клиенти се во постојано движење. Во дигиталниот свет кој е во постојан развој и еволуција, современите клиенти сакаат да бидат во чекор со последните трендови кои го прават банкарското работење едноставно, брзо и сигурно. Брзиот пристап до информациите, преглед на состојба на сметка, вршење на трансфер на средства, плаќање во било кое време, било од каде, е секојдневие во динамичниот начин на живот и работа. За Стопанска Банка а.д. Битолаги следи овие трендови и секогаш настојува да ги задоволи потребите на своите клиенти, да одговори на нивните барања и да понуди повеќе.

Фактор: Колку овие алатки го зголемуваат трендот на безготовински трансакции?

- Статистиките покажуваат дека безготовинските плаќања бележат нагорен тренд и на светско ниво, и во регионот и во земјата. Бројките покажуваат дека во последните две години бројот на корисници на електронско и мобилно банкарство двојно се зголеми. Иако, на овие простори и понатаму употребата на готовина е голема, употребата на безготовиснките платни системи, и плаќањата преку интернет и мобилен телефон  бележат константен пораст.  Тука се разбира придонесуваат и низа на активности кои ги преземаат и кон кои се стремат Банките, а кои се главно насочени кон поттикнување на безготовинските плаќања преку создавање услови за нивна широка и ефикасна употреба (поголема географска покриеност со АТМ и ПОС-терминали, нудење на услуга електронско банкарство; нудење услуга за плаќање преку мобилен телефон – мобилно банкарство; сигурност на системите за плаќање; прифатливи цени за платежните услуги со безготовински инструменти и др.). Се разбира значајна е и улогата на државата во прифаќањето на безготовинските инструменти за наплата на јавните давачки и услуги.

Анализите и податоците на Стопанска банка а.д. Битола го покажуваат истиот тренд. Секоја година се бележи позитивен пораст на бројот на корисници на електронското банкарство на банката и бројот на активни корисници во електронската трговија и во доменот на работа со физички и во доменот на работа со правни лица. Позитивните трендови на пораст на годишно ниво, влијаат мотивирачки врз Банката да го промовира овој сервис меѓу своите клиенти, да го надградува и подобрува.

Фактор: Може ли да ни посочите кои се бенефитите за физичките, а кои за правните лица со електронското банкарство и колкави се трошоците на пример за токени и други напредни услуги?

- Предностите и бенефитите од користење на електронското банкарство се бројни: увид во состојбата на сметките 24 часа, увид во дозволено пречекорување и износ на резервирани/блокирани средства, заштеда на време и избегнување на долги редови на чекање  со можност за плаќање од електронски уред со интернет – пристап, креирање шаблони на налози и нивно промптно или терминско испраќање, електронска архива на сите поранешни трансакции, налози и изводи. Се разбира она што би го нагласиле е дека при овој сервис нудиме максимална безбедност односно, заштита од неовластен пристап до податоци, со користење современи методи на шифрирање и криптирање на информациите, користење на дигитален сертификат, корисничко име и лозинка.

Електронско банкарство на Банката е со кориснички интерфејс лесен за користење, кој овозможува брз пристап до потребните информации, како и брзо и едноставно вршење на безготовински трансакции.

Трошоците врзани со користење на услугите на електронското банкарство за генерирање на различен тип на налози и вршење на безготовински плаќања се конкуретни, и истите се вклучени  во актуелната тарифа на Банката до која корисниците може да пристапат и да се информираат преку веб страната на Стопанска Банка а.д. Битола: www.stbbt.com.mk.

Електронското банкарство е сервис кој Стопанска Банка а.д. Битола им го нуди целосно бесплатно на своите клиенти. Единствено е тоа што треба да поседуваат сметка во Банката, важечки документ за идентификација и да аплицираат или преку веб страната на Банката или лично во една од експозитурите на Банката.

Фактор: Размислувате ли за воведување на светки популарните сервиси за мобилни трансакции на најкористените платформи како Apple Pay, Samsung Pay, Android Pay и останатите и каков е вашиот развој на слични услуги за плаќања директно од мобилен телефон?

- Глобалниот тренд, мобилно-банкарство, денес зема сѐ поголем замав и е интересен и привлечен не само за големите банки, туку и за останати финансиски институции и кредитни здруженија. 

Стопанска Банка а.д. Битола има стратешка цел да ги следи модерните трендови во дигиталниот свет, што го докажува преку сервисите кои ги нуди, и кон кои се стреми во иднина. Главниот стремеж е зголемување на комфорот на клиентите при вршење на банкарски интеракции, со сервиси кои се едноставни и лесни за користење, но од друга страна кои се интересни и привлекуваат нови корисници, особено од помладата популација.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?