Бруталната тактика на Елон Маск за непродуктивни состаноци
Објавено во: Економија 04 Октомври, 2017
Елон Маск е технолошки визионер кој води повеќе мултимилионски компании и сосема разбирливо нема време за непродуктивни состаноци со своите вработени. За неговата брутална тактика за заштедување време сведочи аналитичар кој порано работел во SpaceX, компанијата на Маск за вселенски подвизи.
На еден состанок Елон Маск му се обрати директно на еден од присутните со зборовите: - Што бараш ти тука? Досега не кажа ниту збор!
На овој начин Маск испратил порака до сите вработени дека нема потреба да закажуваат и доаѓаат на состаноци доколку немаат што да кажат повеќе од еден испратен мејл или пак ако немаат некоја нова одлука.