20 Април, 2024
0.0318

Буџет 2013: Малку за енергетиката, многу за социјалата!

Објавено во: Финансии 06 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Буџетот за следната година по многу нешта е сличен на овогодишниот, но порастот на трошоците како што може да се забележи е пред се генериран од зголемените социјални трансфери, а никако од капиталните инвестиции. 1,2 милијарди евра во буџетот се предвидени за социјални трансфери, што е за 100 милиони повеќе од лани. За плати на администрацијата пак ќе одат околу 375 милиони, отприлика на исто ниво.  Но ова значи дека над 50 % од буџетот се за овие ставки. Во нив, според најавите на министерот за финасии Зоран Ставрески е и зголемувањето на пензиите. За договорни услуги се предвидени 22 милиони евра повеќе од лани. Се чини дека социјалата и платите повторно ќе ги јадат капиталните инвестиции. За еден од клучните најавувани проекти гасификацијата се одвоени само 3, 9 милиони евра, пари кои практично можат да се искористат само за фи­зи­би­ли­ти сту­ди­ја за га­со­во­ден си­стем на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, како што впрочем стои и во образложението на Буџетот. И останатите инфраструктурни проекти се слабо поддржани: За же­лез­ни­цата на пример се од­во­ју­ва­ат вкуп­но 13,9 ми­ли­о­ни евра, со кои никако нема да може да се гради пругата кон Бугарија, туку многу повеќе ќе служат за ре­дов­но­то и те­ков­но­то одр­жу­ва­ње во по­стој­на­та же­лез­нич­ка ин­фра­стру­кту­ра, и за изра­бо­ткаа на ин­ве­сти­ци­о­но-тех­нич­ка­та до­ку­мен­та­ци­ја, но и за покривање на загубите на железничките претпријатија. Капиталните инвестиции се проектирани на 307 милиони евра, а плус на овој износ ќе се додадат уште 70 милиони евра инвестиции што ќе бидат реализирани преку Агенцијата за патишта. Ќе се гради автопатот Демир Капија - Смоквица, кој во најголем дел е финансиран од заеми. Од поинтересните ставки во слободните економски зони 7 милиони евра. За инвестиции во здравството се предвидени 35 милиони евра, а во образованието и спортот 31 милион евра. За купување нови возила ќе се употребат 23,5 милиони евра, а за мебел 2, 2 милиони евра.
2012                                      2013
Плати                                                 374 мил евра                    375 мил евра
Стоки и услуги                           258 мил евра                   280 мил евра
Соц.трансфери                           1,1 милијарда е              1,2 милијарди евра
 
Железницa                                        9,9 мил евра                   13,3 мил евра
Гасификација                               6,3 мил евра                    3,9 мил евра
 
Камати                                              59,4 мил е                         66,7 мил евра
Странско задолжување      225 мил евра               288 мил евра
 

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин