19 Април, 2024
0.0262

Буџет: Нозете подолги од чергата за 360 милиони евра!

Објавено во: Финансии 03 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Уште една буџетска година заврши со нереализирани приходи, расходи и буџетски дефицит во однос на проекциите. Според податоците на Министерството за финансии, заклучно со декември, потфрлување во однос на проекциите има и на страната на расходите и на страната на приходите. Така, лани според ребалансираниот буџет, било планирано во државната каса да се обезбедат приходи во вкупна вредност од 2,5 милијарди евра. На крајот од годината се собрале приходи во вредност од 2,3 милијарди евра, што е за 6% помалку во однос на проекцијата. Намалување во однос на прокециите има и на расходната страна. Владата лани планирала да потроши 2,8 милијарди евра. Податоците, заклучно со декември покажуваат дека биле потрошени 2,7 милијарди евра. Потфрлувањето на приходната и на расходната страна е проследено и со отстапување кај буџетскиот дефицит. Имено, според владините проекции минусот во државната касата требаше да изнесува 320 милиони евра или 3,5% од БДП. Според податоците, буџетскиот дефицит е подлабок за околу 40 милиони евра, и тој на крајот од 2014 та година изнесува 360 милиони евра. Според податоците на Министерството за финансии, декември бил еден од најиздашните месеци во 2014 та година. На приходната страна, во декември, по основ на вкупни даночни приходи се собрале нешто повеќе од 216 милиони евра. Во однос на ноември, зголемување на приходите има кај ДДВ, перосналниот данок и данокот на добивка. Од персонален данок се собрале 27 милиони евра, од ДДВ 74 милиони евра а од данокот на добивка се слеале 7,4 милиони евра. Намалување има кај приходите од акцизи, односно во декември се собрале 23,4 милиони евра, што е за 3,2 милиони евра помалку во однос на ноемвриските приходи. На раходната страна, во 2014 та година, било планирано да се потрошат 2,8 милијарди евра, додека на крајот од годината трошењата биле пониски за 115 милиони евра. Во декември, во однос на ноември пораст има кај ставките за плати и надоместоци, за стоки и услуги, за трансфери и за каматни плаќања. Имено, најголем пораст во однос на ноември има кај ставката за каматни плаќања, преку која во декември се одлеале 15 милиони евра. Целосна реализација нема ниту кај ставката кај капиталните расходи, која ја отсликува развојната компонента на буџетот. Така, за дванетест месеци за капитални расходи се потрошиле скоро 287 милиони евра или 83,5% од планираното за 2014 та година. Ланската година заврши со буџетски дефицит од 360 милиони евра, што е за 40 милиони евра повеќе во однос на проектираниот буџетски дефицит од 320 милиони евра. За годинава Владата го проектираше еден од најголмазните буџети. Така, во 2015 та година е планирано да се обезбедат 2,65 милијарди евра а да се соберат 2,95 милиони евра. Буџетскиот дефицит е прокетиран на 3,5% од БДП. Меѓународните финансиски институции и кредитори препорачаа буџетскиот дефицит да не се продлабочува а во периодот што следува и да се намалува. А.Д.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин