Буџетот на Грција со примарен суфицит
Објавено во: Балкан 03 Јануари, 2013
- Овие податоци што ги објави грчкото Министерство за финансии се показател дека мерките за ограничување на расходите почнуваат да даваат резултати, изјави заменик-министерот за финансии Христос Стаикурас.
Сепак, државните долгови кон приватниот сектор пораснаа на 9,3 милијарди евра од 6,7 милијарди во првите 11 месеци од 2012 година.
Министерот за финансии Јанис Стурнарас изјави дека со последната транша од помошта што Атина ја доби од меѓународните кредитори, државата ќе ги плати овие долгови во првата половина од 2013 година со тоа што „министрите треба да достават детални информации“.