19 Април, 2024
1.1739

Буџет 2014: Кој министер ќе има најмногу пари?

Објавено во: Финансии 23 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Најмладиот министер во владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Диме Спасов од ресорот труд и социјала, следната година ќе менаџира со најмногу пари. Во предлог-Буџетот за догодина за ова министерство планирани се 548 милиони евра. „Клучни развојни проектиЗа инвестиции во детски градинки и одморалишта 516 илјади евра; За реконструкција и опремување на постоечките објекти за социјална заштита -392 илјади евра; За поттикнување на вработувањето – 3,7 милиони евра; Втор на листата со најмногу пари во министерската каса е Спиро Ристовски. Министерството за образование на располагање за следната година, според предлог-Буџетот ќе има 365 милиони евра. „Клучни развојни проекти: За опремување на лаборатории – 7 милиони евра;За превод на книги од реномирани автори – 2,4милиони евра;За изградба и реконструкција на основни училишта – 3 милиони евра;Изградба на училишни спортски сали во основни училишта – 5,6 милиони евра;Изградба и реконструкација на средни училишта – 1,2 милиони евра; Изграба и реконструкција на спортски сали во средни училишта – 1,8 милиони евра;Реконструкција на ученички домови- 49 илјади евра;Изградба и реконструкција на студентски домови- 997 илјади евра; Бо буџетот на Агенцијата за млади и спорт дополнително за изградба на спортски објекти планирани се 5,5 милиони евра“ За Министерството за внатрешни работи со кое раководи Гордана Јанкуловска следната година се превидени 160 милиони евра. „Клучни развојни проекти: Реформи во полицијата - 11,6 милиони евра; Реконструкција и опремување  на згради - 553 илјади евра“ Министерот Никола Тодоров, од ресорот образование, посред предлог-Буџетот следната година ќе располага со 102 милиони евра. „Клучни развојни проекти: Реконструкција и доградба на објектите на ЈЗУ во РМ – 9,5 милиони евра; Медицинска опрема – 16,7 милиони евра; Изградба на амбуланти во руралните подрачја – 33 илјади евра; Имплеметација на здравствена картичка – 927 илјади евра; Изградба на дијагностички центар во болницата во Тетово- 650 илјади евра; Изградба на ПЕТ центар – 2,9 милиони евра;“ За ресорот одбрана со кој раководи министерот Талат Џафери, за следната година предвидени се 95 милиони евра.  Најголемиот дел од вкупниот Буџетот на министерствотоз а одбрана е наменет за функционирање, обука и логистика на АРМ . За оваа намена ставката е 68 милиони евра. „Клучни развојни проекти: Модернизација на министерство за одбрана – 114 илјади евра; опремување и модернизација на АРМ -2,9 милиони евра; изградба и реконструкција на објети- 846 илјади евра; Интерграција во НАТО- 5,2 милиони евра“ Министерот Миле Јанакиески, кој раководи со министерството за транспорт и врски, догодина ќе менаџира со 57 милиони евра. „Клучни развојни проекти: Железница 20,3 милиони евра; Гасификација – 4,1 милиони евра, Водовод, канализација – 10,9 милиони евра; Автобуси -5,2 милиони евра; Пат до Трескавец и Зрзе – 2,3 милиони евра; Нова зграда – 3 милиони евра;  Касата на првиот финансиер во земјава, министерот Зоран Ставрески, догодина ќе биде тешка 31 милиони евра. Третина од неговиот буџет ќе биде наменет за изградба на зградата на министерството. „Клучни развојни проекти: Доизградба на зградата на министерството - 12,2 милиони евра; проект за подобрување на општинските услуги -10 милиони евра;“ Министерот Никола Поповски кој раководи со министерството за надворешни работи следната година на располагање ќе има 19,8 милиони евра. За министерството за земојделие, со кое раководи министерот Љупчо Димовски, за следната година се превидени 19 милиони евра. „Клучни развојни проекти: Хидросистем Злетовица – 7,5 милиони евра; Хидросистем Лисиче – 102 илјади евра;Програма за анводнување на Јужна Долина Вардар -1,6 милиони евра;“ Министерството за економија, кое е во рацете на министерот Ваљон Сарачини догодина на располагање ќе има 12,3 милиони евра. „Клучни развојни проекти: Македонско село- 1 милион евра; Поддрша на развојот на мали и средни претпријатија -204 илјади евра; Но, ќе продолжат активностите за доуредување на ТИРЗ Скопје 1 и ТИРЗ Скопје 2, изградба на ТИРЗ Штип, Кичево, Прилеп и Гевгелија, изработка на проектна документција за инфрастуктура за ТИРЗ Ранковци, Струмица, Стругаи Радовиш за што се предбидени – 8,2 милиони евра.“ Абдулаќим Адеми кој го менаџира министерството за животна средина – следната година ќе има Буџет од 9,5 милиони евра. „Клучни развојни проекти: Каскадни прегради на река Вардар – 1,2 милиони евра;“ Министерот за правда, Блерим Беџети, догодина ќе менаџира со буџет тежок 7,1 милиони евра. „Клучни развојни проекти: Реформи во судството -1,5 милиони евра; Реформи во казнено поправните установи -3,5 милиони евра; За Дојрандко езеро -731 илјада евра;“ Министерката за култура, Елизабета Канчевска–Милевска, следната година на располагање ќе има 6,4 милиони евра. Помалиот буџет е резултат на финиширањеето на проекто Скопје 2014 – кој во претходните години главно се финасираше преку Буџетот на ова министерство. Канческа Милевска, догодина ќе има на располагање 547 илјади евра за Управта за заштита на културно наследство, 1,6 милиони евра за Скопско, Тетовско и Виночко Кале, потоа - 1,5 милиони евра за Универзитетот на Св.Климент кај Плаошник, како и 650 илјади евра за Археолошки локалитети.  Министерството за култура догодина ќе има и 188 илјади евра за национални пензии за националните уметици во културата. Министерот Иво Ивановски, догодина според предлог –Буџетот ќе располага со сума од 6,1 милиони евра. „Клучни развојни проекти: Развој и имплементација на ИКТ – 3 милиони евра;“ Касата на министерството за локална самоуправа со кое менаџира Тахи Хани, следната година ќе биде тешка 5,7 милиони евра. Клучни развојни проекти: За прекугранична соработка - 960 илјади евра; Рамномерен рехионален развој – 960 илјади евра; Секретаријатот за европски прашања, кое е во рацете на Фатмир Бесими – следната година на располагање ќе има 1,5 милиони евра. Редакција Фактор Преземање на содржините од Фактор е возможно само со претходна согласност од редакцијата

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин