23 Април, 2024
0.0302

Буџет: ДА или НЕ за ребаланс?

Објавено во: Финансии 20 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Дали априлскиот буџетски суфицит ќе биде доволен да ги амортизира буџетските потфрлувања во првиот квартал од годинава? Додека Владата тврди дека буџетот е во добра кондиција и дека до крајот на годинава ќе успее да ги реализира зацртаните буџетски таргети, експертската јавност укажаува на два фактори што можат да ги поматат сметките. Прво, сеуште присутната рецесија во европските економии, и второ, на домашен терен, состојбата со приходите од клучниот и најиздашниот Данок на додадена вредност. Универзитетскиот професор Трајко Славевски за “Фактор“ вели дека буџетските приходи од ДДВ се значаен показател за можен ребаланс. “Според мене најзагрижувачка е наплатата на ДДВ. Тоа е најиздашниот данок кој во вкупните даночни приходи учествува од 50 до 60 отсто.Останатите даноци, за чии приливи  има натфрлување, учествуваат со 10 проценти во вкупната даночна структура“ – оценува професорот и додава : “Во моментов ги немаме целосните информациии за состојбата на буџетските приходи заклучно со април. Рано е да се носи заклучок дали е потребен ребалнс на буџетот. За тоа треба да ја знаеме динамиката на вистинските расходи, во кои не ги вклучувам оние кои се однесуваа на раздолжување на владата кон стопанството по основ на заостанати долгови. Генерално, ребаланс на буџетот е нормална работа, но проблематична станува во оној момент кога има позначаен пад на приходите.“ Во интервју за емисијата “Тренд“ на 24 Вести, првиот даночник Горан Трајковски изјави дека во април има натфрлување кај приходите од Данокот на добивка и на Персоналниот данок на доход, што не е случај и со ДДВ. “Кај данокот на добивка и персоналниот данок на доход  е констатирана стабилност и перманентно натфрлање од 2 до 3 три отсто на месечно ниво од проекциите. Но, тоа не е случај со Данокот на додадена вредност. Ако се гледа бруто приходот на ДДВ, тој е во многу подобра кондиција во однос на истиот период лани.“ – изјави Трајковски Рецесијата во Еврзоната а особено проекциите за стагнација на Германија, не навестуваат оптимизам за Македонија – смета универзитетскиот професор Предраг Трпевски. Според него, тешко остварливата стапка на економски раст би значела – ребаланс на буџетот. “Доколку се оствари стапката на економски раст, тоа би значело и полнење на буџетската каса со предвидената динамика. Но сметам дека состојбата на рецесија во европските економии и сеуште присутните ризици ќе влијаат и врз македонската економија, односно ќе придонесат да не се остварат планираните проекции за економски раст. Особено треба да загрижува прогнозата за стагација на Германија, која е најзначајниот економски партнер на Македонија – вели Трпевски Тој упатува на внимателно менаџирање со буџетскиот дефицит. “Мислам дека би било опасно Владата да го повтори ланското сценарио и без ребаланс на буџетот, да направи зголемување на буџетскиот дефицит, односно без остварена економска активност од една страна и кратења на трошењата од друга страна, државата да го продлабочи буџетскиот дефицит кој неминовно ќе мора го финансира со нови задолжувања“ – објаснува Трпевски. За оваа година Владата предвиде буџетски дефицит од 3,5 отсто од БДП или во апсолутна бројка од 288 милиони евра. Дилемата за ребаланс на буџетот се отвори откако податоците покажаат дека само за три месеци беа потрошени 186 милиони евра, или скоро две третини од планираниот дефицит. Во исто време, во првиот квартал од годинава вкупните буџетски приходи во однос на лани се пониски за триесеттина милиони евра. Во април, буџетскит суфицит! Во очекување на официјалните бројки за состојбата на буџетските позиции во април, првиот финансер Зоран Ставревски објави дека во четвртиот месец приходите се повисоки и дека е регистриран буџетски суфицит. “Буџетот е во добра кондиција, дефицитот е на предвиденото ниво, долговите редовно се сервисираат, а има и реални шанси годинава да ја завршиме со предвидениот раст на економијата од 2%“ – изјави министерот за финансии и додаде : “Буџетскиот прилив на средства е соодветен на очекувањата за првите четири месеци од годинава. Имаме прелиминарни податоци за април и како што очекувавме, месецот е завршен со мал суфицит во буџетот што ќе помогне да се изврши нивелација на зголемените расходи на почетокот на годината и во февруари, поврзани со плаќање на обврските кон стопанството и со исплатата на субвенциите. Дефицитот е во рамките на очекуваното за првите четири месеци и очекуваме до крајот на годината да се исполнат проекциите“  - рече министерот. Тој уверува дека Владата добро се справува со предизвиците и ризиците и дека ќе успее да ги оствари буџетските проекции за приходите и расходите до крајот на годината. Пред неколку денови и првиот цариник Ванчо Каргов изјави дека априлски позитивен тренд е регистриран и кај царинските приходи. Според Каргов, приходите по основ на царини се за 10 проценти повисоки од планираните  и од оние што биле остварени  во минатата година. “Царините во првите четири месеци од годинава се наплатени во поголем износ од планираното и оствареното во минатата година. И наплатата на акцизите во овој период е над нивото од минатата година и се движи на ниво над планираното“, изјави Каргов. А.Д.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА