20 Април, 2024
0.1822

БУЏЕТ, ОКТОМВРИ: Повеќе се трошело, помалку пари се собрале !

Објавено во: Финансии 01 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Вкупните буџетски приходи во октомври, во споредба со септември се намалени. На расходната страна во анализираниот период има пораст на расходите, и тоа за стоки и услуги, за плати, за социјални трансфери, каматни плаќања. Во десеттиот месец од годината, буџетскиот дефицит изнесува скоро 30 милиони евра, покажува Извештајот за извршување на Буџет во октомври.

Буџетските приходи за еден месец намалени за 13 милиони евра...

Во октомври, вкупните буџетски приходи изнесуваат 233,7 милиони евра и во спордеба со септември, ког биле на ниво од 247,1 милион евра, во десеттиот месец се намалиле за 13,4 милиони евра.

Извештајот за извршување на Буџет во октомври покажува дека во споредба со спетември намалување има кај даночните приходи и придонеси, кај неданочните приходи и кај капиталните приходи. Така, по основ на даночни приходи и придонеси во државната каса се слеале 205,5 милиони евра, пришто раст на приходите во однос на септември има кај ДДВ и кај увозните давачки. Намалување пак има кај приходите од Персонален данок на доход од кој во октомври се обезбедени 18,5 милиони евра.

Намалување на приходите во однос на септември има по основ на придонеси, од кои во државната каса се слеале 65,9 милиони евра. Помалку приходи во октомври има и по основ на акциза.

Буџетските расходи за еден месец зголемени за 28 милиони евра...  

Во октомври, вкупните раходи  изнесувале 263,4 милиони евра и во однос на септември, кога биле на ниво од 235,4 милиони евра, тие се зголемиле за 28 милиони евра.

На расходната страна, во десеттиот месец повеќе пари се трошеле за плати и надоместоци, стоки и услуги, а позначен пораст има и кај ставката транфери, која ги опфаќа социјалните транфери, ПИОМ, здравствената заштита и социјалната помош. Така, во октомври за плати и придонеси се потрошиле 35,5 милиони евра, за стоки и услуги 27,4 милиони евра а ставката “транфери“ се зголеми на 166,5 милиони евра.

Само за еден месец, двојно се зголемиле трошењата за отплата на камати по основ на внатрешни и надоворешни задолжувања. Имено, во октомври по овој основ се исплатиле 7,6 милиони евра додека во септември бил исплатени 3,7 милиони евра.

Мал пораст во однос на септември има кај капиталните расходи, и по овој основ се потрошиле 26,1 милион евра.

Буџетскиот дефицит во октомври изнесува скоро 30 милиони евра, додека во септември беше регистриран буџетски суфицит. Значителен раст има кај расходите за  отплата на главница, па така во октомври по овој основ се одлеле 46,3 милиони евра, за разлика од септември кога расходот по овој основ изнесувал 15,4 милиони евра. Најголем дел од отплата по основ на главница оптпаѓа на домешен долг.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин