20 Април, 2024
0.0270

Буџетот за 2014 ќе го подобри стандардот на пензионерите и корисниците на социјална помош

Објавено во: Финансии 17 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Буџетот за 2014 година, меѓудругото, има за цел  и подобрување на стандардот на пензионерите и корисниците на социјална помош, истакна на денешната собраниска седница министерот за финансии, Зоран Ставревски. Тој нагласи дека во буџетот за 2014 година предвидени се средства за нови социјални права односно исплата за правото на посебен додаток за самохрани родители, за деца со пречки во развојот, право на додаток за глувост, а проширен е додатокот за мобилност. - Во буџетот за 2014 владата предвиде и нови социјални права, односно исплата на средства за правото на посебен додаток за самохрани родители на деца со пречки во развојот, кое ќе биде зголемено за 50 отсто, при што на месечно ниво истото ќе изнесува 6.400 денари. Во областа на социјалната заштита освен постојното право на надомест на плата за скратено работно време, поради нега на дете со тешки и најтешки пречки во психичкиот или физичкиот развој и правото на паричен надомест за помош на нега од друго лице се предвидува и ново законско решение т.е право на додаток за глувост како парична помош во износ од 4.000 денари месечно за околу 870 потполно глуви лица, додека постојното право за додаток на мобилност во износ од 7.000 денари месечно е проширено и за лицата со квадриплегија, истакна министерот Ставрески. Тој потенцираше дека во буџетот за 2014 се предвидени и средства за поддршка на функционирањето на постојните дневни центри и на народните кујни, како и средства за субвенционирање на трошоците за потрошувачка на енергија на најзагрозените категории на граѓани. За социјални трансфери во буџетот за 2014 година се проектирани средства во износ од 78. 667 милиони денари, при што се опфатени мерките на Владата за подобрување на стандардот на пензионерите и корсниците на социјална помош. Ставрески посочи дека за исплата на паричен надомест во случај на невработеност во буџетот за 2014 предвидени се 1.752 милиони денари, а за спроведување на активните политики и мерки за вработување 320 милиони денари.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин