25 Април, 2024
0.0281

БУЏЕТСКИ ТАЈНИ: Државната каса крие долг од една милијарда евра?!

Објавено во: Финансии 07 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Состобата во Буџетот не е сјајна, а јавниот долг веќе ја има надминато границата од 50 отсто од бруто-домашниот производ, изјави премиерот Зоран Заев. Во вчерашното интервју на јавниот сервис МРТ, Заев посочи обелодени дека првичните анализи покажале дека има скриен долг кој е поголем од една милијарда евра. 

„Во Буџетот нема 130 милиони евра туку само 6 милиони евра.Јавниот долг го поминал плафонот од 50% од БДП, има многу непотребни трошоци и нефактурирани ставки. Има скриен долг кој е поголем од една милијарда евра. Ова се само половични информации, министерот за финансии ќе излезе и ќе каже кога ќе ја добие целата слика. Во трезорот затекнавме 300 милиони евра наменети за фасади, 50 милиони евра за патриотски здруженија кои не поминаа. Но и покрај ваквата состојба, државата ќе има доволно средства да ги оствари сите нејзини обврски кон потребите на граѓаните и да ја спроведе програмата на Владата“, изјави премиерот Заев.

Изминатиов период и дел од економистите укажуваа дека нивото на јавниот долг е поголемо од она што што се прикажува во јавноста поради неподмирените обврски. Но поранешниот министер за финансии Кирил Миноски од редовите на ВМРО ДПМНЕ, тврдеше дека податоците се релеватни, пресметките се прават според меѓународни стандарди, а Македонија е меѓу најниско задолжените земји во Европа. 

Премиерот Заев најави дека во зависност од кондицијата и ликвидноста, најверојатно наесен ќе се направи ребаланс на  Буџетот. Економистите имаат поделени ставови околу периодот за спроведување на ребалансот. Дел сметаат дека ребалансот не треба да се носи избрзано, и оти првично треба да се скенира состојбата на Буџетот во следниот период и нивото на јавниот долг, па потоа да се одлучи кога ќе се спроведе ребалансот. 

„Потребата од ребаланс на буџетот и издавање еврообврзница зависи од два клучни фактори: каква е моменталната ситуација со јавниот долг, поконкретно дали има и колкав е износот на преземени а неисплатени обврски и второ, кои мерки е планирано да се реализираат во периодот што следи. Од една страна, постојат мерки кои се најавени да се реализираат, како зголемувањето на минималната плата и нејзино субвенционирање и поддршка за домашните компании, и мерки кои се затекнати а не може одеднаш да бидат укинати или изменети, и притискаат на буџетските расходите. Од друга страна, постои план за воведување на прогресивни даночни стапки, што би требало да придонесат за зголемување на приходите во буџетот. Оттука, фискалните импликации од овие мерки, како и проценката на состојбата на јавниот долг, ќе дадат точна информација, дали е потребен ребаланс на буџетот и начинот на неговото финансирање.  Како резултат на ова,  не е препорачливо ребалансот на буџетот да се носи избрзано. Потребно е најпрво да се направи скенирање на буџетот во следниот период, а потоа да се донесе одлуката за потенцијален ребаланс“, вели Благица Петрески од Институтот за економски истражувања и политики „ Finance Think“.

Академик Абдулменаф Беџети смета дека прекројувањето на држвната каса треба да се направи побрзо и да не се чека есен, за да може Владата да ги спроведе своите политики од програмата. Беџети предупредува дека просторот за задолжување е стеснет и евентуалните задолжувања треба да се прават исклучиво за капитални продуктивни инвестиции. 

„Новата Влада започнува со наследен Буџет кој што знеме на кој начин се донесе, односно техничка Влада скори еден т.н политички Буџет и започна годината и сега  се наоѓаме на средина на година.Така што доста доцна е ако ребалансот се остава за наесен. Веројатно владата ќе навлезе во други зафати  до тогаш без да има многу јасна престава во однос на тоа како ќе ги тера фискалните политики. Дали прво ќе прави политики кои ќе ги спроведува преку Буџет или па со Буџет ќе сака да применува фискални политики. Во секој случај владата ќе треба итно да направи длабока анализа на сите буџетски позиции и оваа треба без одлагање да се направи. Сите ставки кои можат да се одложат во друго времеќе треба да се кратат се што не е неопходно, освен неодложните како социјални трансфери, субвенции до Фондот за ПИОМ, субвенции за земјоделство и локална власт, за да создаде можност во таа среднорочна рамка да ги корегира тековните економски политики и да ги ги вметне своите економски политики.Новата Влада нема комодитет за задолжување за тековни буџетски расходи, туку исклучиво за тоа за тоа што стасусва за исплата, тековниот долг да го подмири ако нема кондиција од заштедата, а веројатно нема, и задолжувања исклучиво за капитални продуктивни инвестиции“, вели академик Беџети. 

Новата Влада наследи јавен долг од 4,7 милијарди евра и еден од најгломазните Буџети од 3,3 милијарди евра. Од ВМРО ДПМНЕ тврдат дека во буџетската каса оставиле 170 милиони евра. Премиерот Заев најави дека почетокот на октомври се очекува да се објави скенираната слика за финансиската кондиција е буџетот. Пред два дена  Министерството за финансии исплати вкупно 77 милиони евра за пензии, земјоделски субвенции и студентски стипендии. Економистите посочуваат дека новиот министер за финансии Драган Тевдовски во периодот што следува го чека тешка задача особено во делот на финансиската консолидација и намалување на јавниот долг.

Т.С


Можеби ќе ве интересира

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот