Добивај вести на Viber
Словенечкиот ланец продавници Меркатор планира да се повлече од пазарите на Бугарија и на Албанија, пред се поради лошите резултати од работењето во двете земји. Како што пренесува словенечкиот весник Дело, економиите на овие две земји се уште не овозможуваат задоволителен обемот на продажбата и позитивни резултати на компанијата.
Со својот среднорочниот план, од Меркатор сега најавуваат дека компанијата ќе се фокусира на основната дејност на петте најуспешни пазари и тоа во Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора и во БиХ.