29 Март, 2024
0.0237

Бугарија: Месото ги поскапе и другите производи

Објавено во: Агробизнис, Балкан 13 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Цените на храната во Бугарија во септември споредено со претходниот месец се зголемиле за 2,7 отсто. Ваквиот пораст се должи на зголемувањето на цените на месото. Според бугарскиот Национален институт за статистика, свежото свинско месо е поскапено за 8,8 отсто, меленото месо за 5,5 отсто, за 3,4 отсто е зголемена цената на пилешкото месо, 2,7 на телешкото месо и трајните колбаси се поскапени за 3 отсто. Од останатите основни прехрамбени производи, најмногу се зголемила цената на јајцата, дури 4,5 отсто, брашното поскапело за 2,5 отсто, маслото за јадење за 1,6 отсто. Зголемување на цените на бугарскиот пазар има и кај млечните производи. За 1,4 е зголемена цената на кашкавалот, на јогуртот за 0,5 отсто а цената на свежото млеко е зголемена за 0,3 отсто.

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи