Бугарија забранува приватизација на државни компании
Објавено во: Балкан 12 Мај, 2017
Владата на соседна Бугарија го задолжила Министерството за финансии да изработи нацрт закон кој ќе забрани приватизација на компании во државна сопственост и нивни подружници, јави бугарската БТА.
Во обраќањето до јавноста по состанокот на кабинетот в среда, министерот за економија Емил Караниколов рекол дека сите процедури на приватизација на државните компании кои се во тек ќе бидат веднаш завршени.
Прецизирал дека приватизацијата исто така се однесува и на продажбата на приватно државен имот од страна на регионални гувернери. Трансакциите ќе ги одобрува министерот за финансии, како што наложува моменталниот закон, а приватизација на самостојните делови ќе биде забранета.
Караниколов потсетил дека процесот на приватизација почнал во 1994-95 како единствено средство за денационализација. Во период 1996-97 законот вовел концесии и друг вид приватно државно партнерство. Министрите рекле дека приватизацискиот потенцијал во Бугарија е исцрпен.