19 Февруари, 2018
0.4401
    ALK 7932.13    -0.83%     CKB 600    15.38%     GRNT 810.5    -1.16%     KMB 3397.19    2.23%     LOZP 2400    14.29%     MPT 29500    0%     MTUR 4200    0.02%     OKTA 3600    -2.7%     RMDEN16 94.8    0%     RZIT 20    0%     RZLV 50    -5.66%     SLAV 3600    -40.98%     TETE 2236.02    3.04%     ZPKO 2812    -1.22%

Бугаринот за кој се тврдеше дека го „врбувал“ Љубчо Георгиевски доби 15 години затвор

Објавено во: Балкан 23 Јануари, 2018

На затворска казна од 15 години и конфискација на имотот е осуден поранешниот шеф на бугарската разузнавачка служба, генерал Кирчо Киров, јави бугарскиот „Де Факто“.

Киров го привлече вниманието на македонската јавност во 2015 година со тврдењето дека бугарската разузнавачка служба врбувала многу видни имиња во ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и нејзиниот прв претседател, Љубчо Георгиевски.

Тој е осуден за злоупотреба на 5 милиони лева (2,55 милиони евра) од парите за разузнавачка дејност до 1999 година. Софискиот Воен суд за соучесништво го осуди и Димитар Лидарев, полковник во резерва и поранешен функционер во Националната разузнавачка служба. Тој доби три годишна затворска казна и потоа пет години условно. Според пресудата, по налог на Киров, Лидарев подготвувал фалсфикат-документи за подигање пари и потоа ги подигал парите од благајната.

Процесот е почнат минатата година, кратко откако Воениот апелациски суд го врати на повторно судење првиот случај против Киров, во којшто тој исто така беше осуден. Повтореното судење заврши вчера, при што Киров исто така доби 15 години затвор, а беше наложено и конфискација на половина од неговиот имот. Во тој случај, Киров се товареше дека од 2007 до 2011 година проневерил долари и евра во вкупна вредност од 5,1 милиони лева.

Против Киров се води уште еден случај, за издавање државна тајна во 2014 година, кога во телевизиско интервју ги изнел деталите за спасување на бугарски возач од смртна казна во Иран.

Можеби ќе ве интересира

ВО ПРОГНОЗИТЕ Е И МАКЕДОНИЈА: Сепак на Балканот ќе има прекројување на граници?

ВО ПРОГНОЗИТЕ Е И МАКЕДОНИЈА: Сепак на Балканот ќе има прекројување на граници?

РАМА БАРА КОСОВО И АЛБАНИЈА ДА ИМААТ ЕДЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ: Што вели Брисел на ова?

РАМА БАРА КОСОВО И АЛБАНИЈА ДА ИМААТ ЕДЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ: Што вели Брисел на ова?

Какликис: Грчката страна треба да ги убеди, не да ги притисне

Какликис: Грчката страна треба да ги убеди, не да ги притисне

Грција ќе ни даде грејс период за промена на Уставот

Грција ќе ни даде грејс период за промена на Уставот

Косово наскоро ќе добие своја војска

Косово наскоро ќе добие своја војска

Кога бугарскиот патријарх ќе ја посети Македонија?

Кога бугарскиот патријарх ќе ја посети Македонија?

КАКО И НА КОЈ НАЧИН: Орбан најави дека ќе го запре Сорос со сите законски средства

КАКО И НА КОЈ НАЧИН: Орбан најави дека ќе го запре Сорос со сите законски средства

Шокантен туристички бум во неколку земји-причината е ова!

Шокантен туристички бум во неколку земји-причината е ова!

„То Вима“ за преговарачкиот процес меѓу Коѕијас и Димитров: Постои позитивна клима по средбата во Виена

„То Вима“ за преговарачкиот процес меѓу Коѕијас и Димитров: Постои позитивна клима по средбата во Виена