25 Април, 2024
0.0328

Бугарите гласаат за новото раководство на државата

Објавено во: Балкан 12 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Почна како протест против скапата струја и парно, заврши со оставка на  Владата на Бојко Борисов во февруари и распишување предвремени избори кои денеска се одржуваат во Бугарија.

На овие избори учествуваат 63 партии, од кои 27 формираа осум предизборни коалиции, додека останатите ќе настапат самостојно.

Главно прашање сепак е дали неделните избори ќе донесат некаква промена во политичкиот спектар, имајќи предвид дека главната изборна битка се води меѓу двете водечки сили и во досегашниот состав на Собранието - популистичката десно-центристичка партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на Борисов и Бугарската социјалистичка партија (БСП) на Сергеј Станишев.

Според последните анкети на јавното мислење, ГЕРБ може да очекува меѓу 22 и 24 отсто од гласовите, а социјалистите 17 до 18 проценти. На третото место би требало да се пласира партијата на бугарските Турци - Движењето за права и слободи (ДПС), кое може да се надева на шест до седум отсто од гласовите. Четирипроцентиот изборен праг, според анкетите, ќе го мине само уште националистичката партија Атака, која ужива поддршка на пет до шест проценти од гласачите.

Анкетите покажуваат и дека одѕивот на изборите ќе биде меѓу 55 и 60 проценти.

Во голема мерка валканата предизборна кампања мина во сенка на аферата на прислушување на повеќе водечки политичари од страна на безбедносните служби во последниве неколку години, како и со шесте случаи на самозапалувања, од кои три беа проследени со истакнување на политички барања, а при другите три како мотив беа наведени очајот и сиромаштијата.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)