Бугарскиот претседател Радев во дводневна официјална посета на Македонија
Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2018
Највисоки државни и воени почести за доаѓањето на бугарскиот претседател Радев. Тој доаѓа на покана од страна на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
Тие утре ќе имаат средба со претставници на стопанските комори на двете земји.
Бугарскиот претседател пристигнува со двајца митрополити, како и пловдивскиот митрополит Николај и старозагорскиот митрополит Кипријан.
Како што е веќе познато Македонската православна црква-Охридската архиепископија побара БПЦ да и биде црква-мајка.
Тој истакна дека позицијата што ја зазело македонското раководство била пресвртна точка за подобрување на односите на двете држави.