Добивај вести на Viber
Големи средства од Оперативната програма за конкурентност на Европската унија доби мега популарната бугарската продуцентска куќа „Пајнер“, позната како најголемиот продуцент на поп-фолк музика во земјата.
Околу 3,197 милиони лева и се одобрени на „Пајнер“ од кои речиси два милиони лева (1,025 милион евра) се средства од Европската унија, пишува бугарски „Прес“.
Од „Пајнер“ која исто така е сопственик и на телевизискиот канал „Планета“, изјаваат дека добиените пари ќе ги потрошат на привлекување и остварување нови приходи од реклами, со што би се создале услови за „отворање нови работни места и за поттикнување на бугарската економија“.