БУМ НА ПРОДАЖБАТА НА АВТОМОБИЛИ ВО ЕВРОПА: Кој е на врвот?
Објавено во: Свет 15 Септември, 2017
Европскиот пазар на автомобили во август забележал најдобри резултати во последните десет години, бидејќи регистрацијата на нови автомобили скокнала за 5,6 отсто.
Според податоците на на Европската асоцијација на производители на автомобили, вкупно 865 000 нови автомобили се регистрирани во август на европските патишта.
Пазарите на Италија и Шпанија регистрирале најголем раст на регистрани нови возила од 15,8 отсто, односно 13 проценти. Потоа следат Франција и Германија со раст на регистрација на нови автомобили од 8,4 отсто и 3,5 отсто.
Сепак, побарувачката за автомобили во Британија паднала за 6,4 отсто.
Кога се земе предвид периодот од јануари до август, „побарувачката за патнички автомобили го задржала замаецот ширум Европа.
„Со повеќе од 10 милиони нови возила регистрирани ширум Европа, регистрацијата е зголемена за 4,5 отсто во однос на истиот период минатата година“, сооптија АЦЕА.