22 Јануари, 2018
0.4642
    ALK 7698.52    0.63%     AUMK 1700    0.06%     GRNT 830    0.73%     KMB 3135.87    -0.52%     MPT 28907    -3%     MTUR 4158    -2.16%     OKTA 3200    2.86%     RMDEN16 94.5    0.11%     RZUS 124    9.73%     STB 970    1.04%     STIL 154    1.61%     TEH 140    -6.67%     TEL 283    1.07%     TETE 2060    3%     TKVS 3106    -3%     TPLF 1798.38    -0.03%     TTK 950    -0.12%     ZPKO 2700    -0.37%

Бунтеска: Maјка си е мајка, еве и на 70 уште кога ми е тешко си офкам-оф мори мајко

Објавено во: Стил 08 Јануари, 2018

Ќе ми простат татковците, но денешниов текст го посветувам на мајките. Што би рекол татко ми “абе мајка си е мајка, еве и на 70 уште кога ми е тешко си офкам-оф мори мајко”. И ќе ми простат и сите синови, но денес пишувам за односот мајка-ќерка, кој ми е (не само) познат и најкомплексен од сите, туку истовремено најубав и најболен. Е сега, кога велам мајка, не мислам само на оние жени кои родиле ќерки, туку и за сите оние кои имале љубов и сила да посвојат дете и целосно да се внесат во односот кој бара не само жртва, туку и голема мудрост. Впрочем, раѓањето на дете не не’ прави мајки-родители, туку се’ она што следи потоа (Господ да ни е на помош-иако не сум верник).

Дилемата и тежината во тој однос мајка-ќерка настана во моментот кога ќерка ми порасна доволно за да има свој став кон нештата кои директно ја засегаат, а и оние кои се дел од нашето секојдневие. Дилемите кои ме удрија беа сами по себе контрадикторни: слобода на личноста-да, ама колку за да не се изгуби контрола и детето да не стане збеснато и размазено; безусловна љубов и поддршка-да, но која е границата за себичноста да се има под контрола….и ред други работи.

Откако станав мајка, почнав многу повеќе да ги разбирам постапките на мојата, за која велев “јас кога ќе бидам мајка, ова никогаш, ама никогаш нема да го правам”. И сега се фаќам себе како ги повторувам истите реплики кои сум ги слушала од мајка ми. Но, заради генерацискиот јаз, учам да сум поопуштена и видиците да ми се пошироки. Би излажала ако кажам дека секогаш ми успева, но, секојдневно се преслушувам и растам заедно со ќерка ми.

Трпение и самоконтрола е она што го научив низ овие 11 и кусур години. Да го почитувам расположението на детето, на кое баш и не му е гајле дали мојата пријателка сака да го изгушка, па се трга и го прави оној лик кој недвосмислено значи “аман, остајте ме на раат”. Во мое време (колку ова страшно звучи), беше неприкладно и безобразно на сите родендени и слави да не дозволиш сите да те испошлапаат по лице по стандардните три пати, да те иштипат по образи и во различни фази од животот да не одговориш на прашањата “како во училиште, имаш ли симпатија, дали имаш дечко, кога ќе се омажиш”, па се до она “ајде, кога дете” или ако веќе го имаш, тогаш кога е другото во план!

До следниот понеделнички муабет, Ана Бунтеска. Повеќе на Женски Магазин.


Можеби ќе ве интересира

ОПУШТЕНА СРЕДБА НА НЕКОГАШНОТО ДУО АНДРИЈАНА АЛАЧКИ И ИРЕНА СПАСОВСКА: Не сме скарани како што мислат

ОПУШТЕНА СРЕДБА НА НЕКОГАШНОТО ДУО АНДРИЈАНА АЛАЧКИ И ИРЕНА СПАСОВСКА: Не сме скарани како што мислат

Интервју Ида Протугер Вељковиќ: Докторот ми рече „нема надеж“, но јас решив да се борам

Интервју Ида Протугер Вељковиќ: Докторот ми рече „нема надеж“, но јас решив да се борам

ЖЕНСКИ МУАБЕТ СО ЕДИНА МУСА, КОШАРКАРКА И ФИТНЕС ШАМПИОН: Сексапилот ми е само плус

ЖЕНСКИ МУАБЕТ СО ЕДИНА МУСА, КОШАРКАРКА И ФИТНЕС ШАМПИОН: Сексапилот ми е само плус

Отворено со Маја Величкова: Најдобро што знам, љубовта да ја растам

Отворено со Маја Величкова: Најдобро што знам, љубовта да ја растам

ОТВОРЕНО СО ПЕЈАЧКАТА РОСАНА САРИЌ-ТОДОРОВСКА: Без Маријана, душата ми е на половина

ОТВОРЕНО СО ПЕЈАЧКАТА РОСАНА САРИЌ-ТОДОРОВСКА: Без Маријана, душата ми е на половина

НАУТРО ЧИСТЕЊЕ, НАВЕЧЕР КУРС: Еве како е во Германија

НАУТРО ЧИСТЕЊЕ, НАВЕЧЕР КУРС: Еве како е во Германија

На македонската јавност ќе и недостигаат моќните дела и уникатниот хумор на Шуки

На македонската јавност ќе и недостигаат моќните дела и уникатниот хумор на Шуки

(ГАЛЕРИЈА) ЕМОТИВЕН ВАСИЛИЧАРСКИ КОНЦЕРТ ВО МОБ: Назад во времето на златните осумдесетти

(ГАЛЕРИЈА) ЕМОТИВЕН ВАСИЛИЧАРСКИ КОНЦЕРТ ВО МОБ: Назад во времето на златните осумдесетти

Има 11 милиони следбеници и открива како и за што ги користи социјалните мрежи

Има 11 милиони следбеници и открива како и за што ги користи социјалните мрежи