20 Февруари, 2018
0.4315
    ALK 7801.99    -1.64%     BESK 10275    -3%     GRNT 810    -0.06%     KMB 3389.73    -0.22%     MERM 800    -20%     MPT 29500.63    0%     OKTA 3620    0.56%     RMDEN16 94.9    0.11%     RZUS 139    3.73%     SBT 2041    -2.86%     STB 940.85    0.03%     STIL 139.03    -4.1%     TETE 2286.67    2.27%     TKVS 3110    2.98%     TNB 13581.59    -0.42%     TPLF 1649.9    1.35%     TTK 947    -2.97%     UNI 2050    0%

Бутарис: Името „Македонија“ го подели светот, не подели нас

Објавено во: Балкан 13 Февруари, 2018

Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис бара разумност во грчката политика на поставување ултиматуми за што подобро и побрзо да се реши проблемот со името кој Грција го има со соседната држава и ја натера грчката јавност дали треба да се размисли за промена на името на солунскиот аеродром „Македонија“.

– Не велам дека треба да се промени, но само јавно прашувам, да рзмислиме за тоа бидејќи името „Македонија“ „го подели светот, не подели нас“ и од тоа сите губиме, рече Бутарис во изјава за грчката ТВ Скај, пренесува МИА.

Според него, аеродромот би можел да го носи името на прославениот грчки кошаркар Никос Галис, кој, како што вели, е меѓународно призната личност и единствениот од Грција кој влезе во американската Куќа на славните. Како дополнителна причина за преименување на аеродромот, истакнува солунскиот градоначалник, е тоа што туристите кога слетуваат Солун мислат дека доаѓаат во Скопје.

Бутарис смета и дека не се реални грчките стравувања од Македонија и дека проблемот на Грција не е Скопје, туку Анкара, и се поголемото турско влијание во регионот.

Оценува дека сега има реална можност проблемот со името да се реши, а секое одолговлекување би одело на штета на Грција.

– Подобро да добиеме 50 отсто од нешто, отколку 100 проценти од ништо. Изгубивме во Хаг, не можеме да го задржиме ветото за НАТО, изјави Бутарис.

Можеби ќе ве интересира

Ердоган: Tурција има принципиелен став без дилеми за спорот со името

Ердоган: Tурција има принципиелен став без дилеми за спорот со името

Чејку вели дека за 10 години Албанците ќе имаат и трета држава на Балканот

Чејку вели дека за 10 години Албанците ќе имаат и трета држава на Балканот

Решение меѓу Србија и Косово најдоцна до април

Решение меѓу Србија и Косово најдоцна до април

Телефонски разговор меѓу Ципрас -Меркел на ден пред средбата Заев-Меркел

Телефонски разговор меѓу Ципрас -Меркел на ден пред средбата Заев-Меркел

Земјотрес со јачина од 4,3 степени во близина на грчкиот остров Алонисос

Земјотрес со јачина од 4,3 степени во близина на грчкиот остров Алонисос

За Грците Рама го враќа сеништето за Голема Албанија, а осуда стигна и од Србија

За Грците Рама го враќа сеништето за Голема Албанија, а осуда стигна и од Србија

Бакојани: Сакаме решение што ќе го прифати меѓународната заедница во целина

Бакојани: Сакаме решение што ќе го прифати меѓународната заедница во целина

Рама од милениче на Западот станува фактор за нестабилност на Балканот

Рама од милениче на Западот станува фактор за нестабилност на Балканот

НАПЛИВ НА ВРАТЕНИ АЗИЛАНТИ: 30.000 ќе пристигнат во една балканска земја

НАПЛИВ НА ВРАТЕНИ АЗИЛАНТИ: 30.000 ќе пристигнат во една балканска земја