БУТАРИС СЕ ПРАВДА: Погрешно беа протолкувани моите изјави, не предлагам промена на името на аеродромот
Објавено во: Балкан 13 Февруари, 2018
„Погрешно беа протолкувани моите изјави, никогаш не предложив, ниту предлагам промена на името на аеродромот“- се правда Бутарис.
Солунскиот градоначалник вели дека неговите ставови што ги изнел на синоќешниот состанок не се објавени во целост, туку само еден дел.
Во однос на изјавата дадена во емисијата на грчката телевизија „Скај“, Бутарис вели дека тој спиел кога му се јавиле.
„Утрово ми се јавувија од ‘Скај’, јас спиев и ме збунија. Не побарав никогаш промена на името Македонија. За Никос Галис, што беше споменато, ме прашаа кога би се предложило менување на името, што би предложил и нормално јас реков Никос Галис“- рече Бутарис.
Тој изјави дека аеродромот „Македонија“ во Солун може да го носи името на познатиот грчки кошаркар Никос Галис, кој е единствената глобално призната грчка личност, влезена и на „Булеварот на славните“. Тој кажа и дека патниците се збунети, затоа што кога се приземјуваат на аеродромот во Солун сметаат дека доаѓаат во Македонија.
Ова не е прв пат Бутарис да биде критикуван за своите изјави.
При посета на нашата земја го употреби терминот Македонија, а исто така и јасно кажа дека е против протести во Грција за одбрана на името „Македонија“. Во друга изјава рече дека Грците со ништо не помагаат на своите соседи, па дури и ги нарекуваат циганоскопјани.