19 Април, 2024
0.0271

Царовска: Пензионерите ќе добијат повисоки пензии согласно законот

Објавено во: Македонија 18 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Пензионерите не треба да се грижат бидејќи нивните примања нема да бидат скратени, напротив ќе го добијат покачувањето на пензиите кои им следува согласно законските прописи.

- Секој пензионер во согласност со Законот за пензиите и членот од Законот за усогласувањето со растот на трошоците за живот и растот на платите ќе добива по 180 денари секој месец, од јануари до декември, или за 2017 година ќе добие 2.160 денари, соопшти денеска министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Царовска на прес-конференција рече дека кратење на пензиите немало и дека тоа е дезинформација.

– Ниту сме ветиле ниту некогаш ќе ветиме кратење на правото на пензионерите. Ние ќе им дадеме за една година 2.160 денари. Во 2016 година пензионерите еднократно добија 630 денари зашто усогласувањата, двапати годишно, ВМРО-ДПМНЕ ги скрати. Со тоа им било скратено правото на пензионерите како растат трошоците за живот и платите така да им растат и пензиите. Се обврзавме дека на крајот на секоја година ќе ја процениме кондицијата на буџетот и ќе обезбедиме дополнително покачување на пензиите ако тоа го дозволува државната каса – нагласи Царовска.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?