24 Април, 2024
0.0266

Царовска: Состојбата е алармантна, недостигаат градинки

Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Недостигаат градинки и родителите имаат сериозен проблем да ги запишат своите деца во градинка, изјави денеска на прес-конференција Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

Во постоечките, капацитетите се преполни и скандалозно запишувањето во градинките оди само преку роднински или партиски врски, додава таа. Вели дека состојбата е алармантна затоа што во групите има деца повеќе од дозволеното. 

„Во групите се вклучени над 40 деца, иако согласно закон е од 8 до 25 деца, зависно од возраста. Оваа состојба ни укажува на алармантност. Зголемениот број на деца во занималната се ризик по здравјето и безбедноста како за децата, така и на вработените во градинките. Некои податоци покажуваат дека само 4 проценти од вкупниот број на децата 0 до 3 години се вклучени во градинка. Што се случува со останатите дечиња, како се снаоѓаат родителите на овие деца“ – рече Царовска.

Таа вели дека со оглед на економската состојба во земјава, ретко кој може да си плати да се грижат за неговото дете дома или опција се бабите и дедовците.

Царовска рече дека друга опција е родителите да ја остават работата и сами да се грижат за своите деца. 

За власта кажа дека не го исполнила ветеното, а згора на тоа ветува и изградба на нови градинки за кои нема пари во буџетот. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП