Целосно забулена босанка кандидат на локални избори (ВИДЕО)
Објавено во: Балкан 01 Октомври, 2016
37-годишна босанка е првата целосно забулена жена која се кандидирала за јавна функција во Босна и Херцеговина.
Индира Синановиќ од Завидовичи се претстави пред гласачите, како прва жена, облечена во никаб, која се јавува на локалните избори, пренесува „Руптли“. Гласањето ќе се одржи в недела.
Синановиќ е мајка на две деца, работи како новинар и хуманитарен работник.
Во петокот таа организираше митинг на кој избирачите ќе се запознаат со неа лично и со нејзината програма.
Според Синановиќ, жените кои носат традиционална исламска облека како никаб и хиџаб, се предмет на предрасуди. Пред публиката Синановиќ рече дека се надева дека нејзината кандидатура ќе ги разбие овие предрасуди.
- Ќе се борам против дискриминацијата и против искривената слика за жените кои носат шамии. Луѓето треба да имаат можност да се сретнат со нас и да разберат кои сме, изјави Индира Синановиќ.
Видеото погледнете го на следниов линк!