28 Март, 2024
0.0264

Централен штаб на Внатрепартиска иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

„Денес во Скопје, се одржа состанок на Централниот Штаб на Внатрепартиската Иницијатива за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ во присуство на активисти од Републичкиот штаб, 19 Окружни и сите Општински штабови низ Република Македонија.

На истиот се разгледа реализацијата на планот за работа за 2017 година и актуелната состојба со закажаниот вонреден Конгрес на партијата“, соопштуваат од Внатрепартиска иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.


Оттаму посочуваат „Централниот штаб полноважно работеше и одлучуваше во присуство на 245 од поканетите 250 активисти на ВМРО-ДПМНЕ“ и дека со значително мнозинство од присутните, донесени се следните заклучоци:

-  Внатрепартиската Иницијатива за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ во голем дел ги исполни зацртаните активности, согласно Планот за работа за 2017 година.

-  Внатрепартиската Иницијатива беше започната со цел темелна имплементација на принципите и вредностите за демократизација, модернизација, европеизација и обединување на ВМРО преку ВМРО-ДПМНЕ. Во таа смисла Иницијативата ќе продолжи со активностите сè до конечна реализација на целите.

-  Во поглед на закажаниот вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово, Централниот штаб ги реафирмира принципите и вредностите наведени во Декларацијата за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ и Декларацијата “Европско ВМРО-ДПМНЕ за европска Македонија” пред личностите и борбата за преземање на обврската да се управува партијата. Од тие причини, нема да предложиме кандидат за претседател на овој Конгрес.

-  Начинот на кој се повика и брзината со кој се организира овој вонреден Конгрес, за жал може да биде причина за негово повторување во блиска иднина.

-  Искрено им благодариме на 208те делегати кои дадоа поддршка на идејата за учество на Внатрепартиската Иницијатива на овој Конгрес. Повикуваме нивната одлука за учество на Конгресот и евентуалната поддршка на некој од предложените кандидати за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, да ја изразува нивната слободна волја и убедување од една страна, но особено да ги имаат во предвид принципите и заложбите на внатрепартиската иницијатива и барањето за демократизација на Статутот на партијата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење