Чаир се „дави“ во отпад, се чека реакција на властите
Објавено во: Македонија 23 Јули, 2017
Во општина Чаир контејнерите за ѓубре се преполни со отпад кој веќе и нема место каде се одложи.
Прашање е зошто досега отпадот не е собран од страна на комуналните претпријатија бидејќи се шири реа и тешка миризба, што е потенцијална закана за ширење на зарази.
Се чека и на реакција на градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити со цел да се реши овој проблем кој трае речиси цела недела.