20 Април, 2024
0.0364

ЧАШАТА СЕ ПРЕЛЕА: Турција го прекинува договорот со ЕУ, веќе нема да прифаќа мигранти

Објавено во: Балкан 16 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Турција се откажува од договорот со ЕУ за прием на мигранти. Ова го објави претседателот Реџеп Таип Ердоган за време на масовен митинг поврзан со претстојниот референдум, објавија турските медиуми.

Ердоган го аргументира откажувањето од договорот со дипломатскиот скандал меѓу Турција и Холандија, кој го постигна врвот во последната недела.

„Еј, Холандија, луѓето одржуваат предизборна пропаганда во Англија! Eвропејците ветија дека ќе ги укинат визите, но и чекор не е направен за тоа, а сега ја повторуваат реадмисијата, та реадмисијата. Што реадмисијата? Заборавете го ова!

Не го испраќате мојот министер во Холандија, не дозволувате лет на надворешниот министер, не им давате пристап до генералниот конзулат, што е моја територија. И сега очекувате од нас да го исполнуваме договорот? Не постои такво нешто!“, отсечно рече турскиот државен шеф.

Малку порано истото го изјави и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во телевизиско интервју. „Може да го прекинеме еднострано овој договор. Сеуште не сме ги информирале европските партнери, се е во наши раце“, рече Чавушоглу.

Прекинот на договорот претставува голема закана за Европа, но најмногу за балканските држави и особено за Бугарија, чија граница со Турција е најголема. Министерството за надворешни работи веднаш го повика на консултации бугарскиот амбасадор во Анкара Надеж Неински.

Бугарија има план за реакција, ако договорот за бегалците биде прекинат. Државата ни е подготвена да биде пречекан евентуален миграцион поток, а бугарските војници се подготвени да се справат со овој предизвик, изјавила службената на министерот за одбрана Стефан Јанев.

„Ајде да гледаме на овие изјави во контекст на предизборната атмосфера и дома, така и во други земји, и во Турција. Очигледно на ова ниво на зборување треба да има многу строги сигнали дека нешто драматично ќе се случи“, посочи Јанев.

На прашањето дали е предвидено повеќе зајакнато воено учество на границата, тој одговорил дека министерството има комплексни планови кои ангажираат како специфични полициски сили за заштита на границата, така и војнички. Постојат планови за комплексно зголемување на силите и решавање на можните проблеми, увери тој.

Европската комисија изјави дека нема сигнали за очекуван миграциски прилив кон Бугарија преку турската граница. Очекувањата кон Анкара се да ги почитува обврските по миграцискиот договор.

„Тоа е обврска врз основа на взаемна доверба и резултати. Очекуваме и двете страни да ги исполнат своите ветувања, бидејќи тие се од заеднички интерес, како и во интерес на сириските бегалци“, изјави главниот портпарол на ЕК Маргаритис Схинас.

Во оваа фаза немаме никакви податоци за промени во миграциските текови, изјавил за БНР портпаролот на ЕК за миграција Туве Ерншт.

Од Европска агенција за гранична и крајбрежна стража исто изјавија дека немаат информации за очекуван прилив на мигранти во копнената граница на соседна Бугарија со Турција. Турските власти засега продолжуваат соработката, додаваат од агенцијата. Од Фронтекс потсетија дека за последните 2 месеци бројот на илегалните преминувања на бугарско-турската граница бил под 50 лица.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ГРЦИЈА: Волос е без струја

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ГРЦИЈА: Волос е без струја

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?