Чејку вели дека за 10 години Албанците ќе имаат и трета држава на Балканот
Објавено во: Балкан 20 Февруари, 2018
Поранешниот албански амбасадор во Косово и во Македонија, Арбен Чејку, вели дека по десет години на Балканот ќе има три албански држави во регионот, пренесуваат албанските медиуми.
Чејку вели дека во 2028 година предвидува дека освен Албанија и Косово, ќе има и уште една албанска држава, таа на Албанците во Македонија.
„Сега веќе државотворноста на Албанците во Македонија е реалност и настаните таму ме натераа да сфатам и да предвидам дека по 10 години ќе имаме трета држава на Албанците“ - вели Чејку.
Вели дека ја одбележале десетгодишнината од независноста на Косово, но албанското прашање сé уште не е целосно решено.