25 Април, 2024
0.0267

Чекори кои ќе ве однесат на патот до успехот и остварување на секоја цел

Објавено во: Стил 01 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Да си поставиш цел е едно, a да ја oствариш - сосема друго. Често се расејуваме, окупирани во секојдневните задачи. Или пак не сме подготвени да го промениме доволно животот во името на своите амбиции. Овие неколку чекори сепак ќе ви помогнат да постигнете се што сакате.

Направете листа

Запишајте точно и јасно што сакате да постигнете и колку време мислите дека ќе ви треба. Потоа не ставајте ја листата во фиоката, туку држете ја на видно место.

Намалете ги факторите кои ве расејуваат

Расчистете го бирото и поминувајте помалку часови на Facebook. Создајте распоред и обидете се да го следите.

Почнете да станувате порано

Отпрвин нема да ви е лесно, особено ако сакате да си поспивате. Но кога се навикнете, ќе забележите колку попродуктивни стануваат деновите .

Користете ги плодно викендите

Во сабота и недела треба да се одморите и да се освежите, но и не е лошо да се подготвите за претстојната недела. Во неделата вечер подгответе си што ќе облечете следното утро и планирајте ги задачите. Така ќе го намалите стресот во секојдневниот живот.

Престанете да одложувате

Почнувате да работите, но 5 минути подоцна се упатувате кон фрижидер или ја отворате омилената социјална мрежа. Не сте единствени, многу луѓе имаат проблем со концентрацијата. Обидете се со 15-минутното правило - наместете си тајмер за 15 минути и за тоа време посветете им се само на обврските. Кој знае - кога времето ќе истече, можеби сте добиле мотивираност да не ја прекинувате работата.

Следете го прогресот

Не е доволно само да се создадат нови навики. Треба да одвоите време да се оцените сами себе. Ако целта ви е поголема и долгорочна, на одредени периоди означете каков прогрес сте постигнале. Обидете се објективно да утврдите дали не треба да се потрудите повеќе.

Наградувајте се

Кога сте постигнале некоја од малите цели, наградете се. Можете да си дозволите омилен десерт, масажа или едноставно да си земете одмор еден ден. Ова ќе ви делува мотивирачки по патот кон успехот.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти