28 Март, 2024
0.0254

Чешкиот претседател Клаус ќе зема пензија од 6.000 евра

Објавено во: Стил 04 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Чешкиот претседател Вацлав Клаус, кому на 7 февруари му завршува мандатот, ќе зема пензија од 6.000 евра. Пензијата се состои од доживотна рента од 2.000 евра месечно, исто толкава сума како надомест за репрезентација и класична пензија од 2.000 евра. Освен оваа сума, на поранешниот претседател на Чешка му следува и обезбедување, што дополнително го разликува од останатите ,,обични" пензионери во земјата. Клаус кој има 71 година со пензионирањето ќе добие и канцеларија во Институтот кој го носи неговото име, а кој е финансиран од најбогатиот чешки стопанственик Петр Келнер. Тој својата економската кариера ќе ја продолжи и како соработник на угледниот американски Институт „Кејто“.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи