25 Април, 2024
0.0542

Чесите незадоволни од економската ситуација во земјата

Објавено во: Свет 01 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Околу две третини од Чесите, негативно ја оценуваат економската ситуација во земјата, а 21 процент сметаат дека таа е многу лоша.

Последното истражување на Центарот за јавно мислење покажува дека само осум проценти од чешките граѓани мислат дека економијата во земјата е поволна, додека речиси една четвртина не ја коментираат „ниту како добра, ниту како лоша“.

Во споредба со анкетите од претходните години, мислењата на Чесите не се драстично променети.

- Актуелната оценка на економската ситуација е слична на онаа во март 2012 година, иако во целост гледано луѓето се понезадоволни отколку пред три години, се вели во соопштението на ЦВВМ.

Од агол на возраста на анкетираните, оние на возраст од 15 до 19 години даваат попозитивни оценки за економијата, отколку луѓето над 60-годишна возраст.

Релативно помалку песимистични се студентите и оние кои имаат завршено средно образование.

Анкетата покажа дека речиси две петтини од учесниците се изјасниле дека имаат добар животен стандард. Од нив три проценти рекле дека тој е „многу добар“, а 35 проценти се изјасниле дека стандардот им е „речиси добар“.

Една петтина од Чесите се изјасниле дека живеат лошо, а две петтини пак сметаат дека нивните услови за живот „не се ниту лоши, ниту добри“.

Можеби ќе ве интересира

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции