19 Април, 2024
0.1697

Четири причини зошто не сакате нови пријателства

Објавено во: Стил 31 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Како што стареете, помалку се трудите да создадете нови пријателства

Во животот секој доаѓа до период која стекнувањето на нови пријателства не му е приоритет. Дотогаш веќе јасно знаете на кои луѓе можете да се потпрете. Не сте песимистични и депресивни, едноставно немате време за луѓе кои ви се само познаници. Групите на кои припаѓаме се строго дефинирани и тешко се влегува и излегува од нив. На вашите пријатели им е потребен пријател и ќе ги загубите ако ги запоставите.

Колку што сте постари, толку помалку им верувате на луѓето

Заради тоа што бевте изненадени со каква леснотија луѓето можат да ве напуштат, дури и оние кои ги сметавте за лојални.  Тоа веројатно бил моментот кога сте ги отвориле очите, но за сметка на тоа сте го затвориле срцето.

Како што стареете, помалку трпите

Кога сте млади, сакате да бидете пријатели со сите. Премногу се грижите што мислат за вас. Тогаш тешко ќе препознаете дека другите едноставно не се добро друштво за вас. Ако заглавувате на работа до доцна, не е за чудење што сиот социјален живот ви се случува на работното место.

Колку што сте постари, сè помалку ги ставате другите пред себе

Многу лажни „пријателства“ пукаат токму кога другите нема да имаат корист од вас. Кога ќе престанете да се грижите за другите луѓе и ќе почнете да се сакате себеси, тогаш почнувате да се менувате на подобро. Тогаш престанувате да ги задоволувате другите како би се задоволиле себе. Пријателствата сè повеќе се случуваат на интернет. Доброто пријателството подразбира разбирање и затоа е нормално тоа што по некое време можете да сфатите дека овој или оној пријател не ви одговара од различни причини и да се разидете со нив. 




Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган