Четири работи кои секој тим ги очекува од својот лидер
Објавено во: Стил 23 Мај, 2017
Иако се смета дека лидерството е сложено и дека се потребни повеќе вештини, сепак сајтот Inc пишува што е основно.
Овие четири работи за важни за секој лидер:
јасна насока
Ова е најважно за секој лидер. Тој мора да ги води другите во посакуваната насока.
поддршка
Лидер е некој кој стои пред своите следбеници и за нив се грижи како за свое јато.
простор
Дајте им на сите време да се навикнат на работата, просторот. Немојте да им создавате стрес. Кога луѓето чувствуваат дека се слободни, тие ќе бидат покреативни.
пофалба
Не двоумете се да го пофалите својот тим. Иако е тоа ситница, сепак може да направи чудо. На некои луѓе им недостига самодоверба и затоа не стигнале до повисока позиција, а лидерот треба тоа да го препознае.